Friday, August 5, 2016

Рецепт за овесна каша со касија


Време на подготовка: 5 минути
Време на готвење: 10 минути
Порции: 4

Состојки:
500 мл. ладна вода
4 лажици овесна каша
4 лажици кокосово брашно
Стевиа или мед
Овошје по избор

Подготовка:
Во пола литар ладна вода ставете 4 лажици овесна каша и 4 лажици кокосово брашно. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Потоа истата ставете ја на рингла и со постојано мешање, чекајте да зоврие. Намалете ја температурата и варете ја густата смеса 10 минути. По вкус додадете стевиа или мед.
Овошјето, по ваш избор, блендирано додадете го во смесата и рачно измешајте.

Нашиот избор на овошје за денес е кајсија.

Пријатен појадок,

Thursday, August 4, 2016

Рецепт за „ИмуноМафини“


Време на подготовка: 20 минути
Време на печење: 25 минути
Порции: 16 мафини

Состојки:
450 gr варен наут
100 ml млеко од билно потекло
150 gr стевиа
4 јајца 
3 лажици кокосово масло
2 лажици какао 
4 лажици рогач во прав
1 лажичка прашок за пециво


Подготовка:
Во блендер ставете го наутот и блендирајте го додека не добиете густа смеса. Смесата ставете ја посебен сад и додека додавате млеко мешајте со лажица, со лесни движења. 
Во посебен сад измешајте ги сувите состојки - какао, рогач, пециво и стевиа. 
Со миксер изматете ги четирите јајца. Откако ќе добиете цврста и густа пена, во истиот сад додадете ја смесата од наут и млеко и измешаните суви состојки. На крај додадете ги трите лажици кокосово масло.

Смесата мешајте ја со миксер, на најмала брзина, кратко време за да добиете компактна, воедначена смеса.

Смесата ставете ја во калап за мафини и печете 25 минути, на 180 степени. 

Сервирајте ги мафините со мармалад од шипка или кајсии.

Здравствени придобивки од смоква

Смоквата е едно од најпознатите овошја уште од античко време. Свежа или сува, таа е богата со многу нутритивни вредности, антиоксиданти, минерали и витамини, од кои вашето здравје ќе има големи придобивки. 

Многу луѓе не само што не јадат доволно овошје и зеленчук, тие консумираат и големи количини на натриум во форма на сол, кој често се додава во преработената храна. Овие лица многу често имаат дефицит на калиум. Смоквите се добар извор на калиум, минерал кој помага во контрола на крвниот притисок. Низок внес на храна богата со калиум, особено кога се внесува заедно со повеќе натриум, може да доведе до хипертензија. 

Сувата смоква содржи омега-3 масни киселини и омега-6. Овие киселини го намалуваат ризикот од срцеви болести. Тие исто така имаат сигнификантно значење и во регулирање на триглицеридите.
Таа исто така содржи и голема концентрација на калциум, со што ги зајакнува коските и спречува остеопороза.

Од многуте бенефити од смоквата, ќе ги издвоиме:
- го намалува холестеролот;
- превенција од рак на дебело црево;
- превенција од пост-менопаузен рак на дојка;
- ублажување на симптомите на бронхитис;
- превенција од сексуална дисфункција;
- превенција од венерични болести;
- ослободување од болки во грло итн...

Со помош на смоквата на сладок начин можеме да ја контролираме и телесната тежина. Тие се одличен извор на диетални влакна, а храната која е богата со влакна има позитивен ефект врз контролата на телесната тежина. 

Најполезна за употреба е свежата смоква, но како да ја изберете онаа од која ќе имате најголем бенефит во однос на вашето здравје? 
За директна консумација се користат само потполно зрелите плодови, кои на допир не се раскашавени, туку се меки.
Битен факт е дека бојата на лушпата не е показател за зрелоста на смоквата. Во зависност од сортата на смоква, таа може да има светло зелена боја на лушпата, а сепак да е зрела. 
При изборот на смоква, исто така треба да се потпреме и на сетилото за мирис. Доколку почувствувате дека смоквата мириса на кисело, во тој случај е почнат процесот на ферментација и истата не е за консумирање. 
Битно е да се знае дека недозреаната смоква е токсична, бидејќи во себе содржи латекс - сок кој многу наликува на млеко и ги штити плодовите до нивното созревање.

*Рецепти од ИмуноКујна со суви смокви:
Рецепт за „ИмуноПлочки“
Рецепт за „Салата со суви смокви, рукола и спанаќ„
Рецепт за „Енергетски бомбици со суво овошје“

Wednesday, August 3, 2016

Рецепт за ИмуноПојадок со хумус и мајонез од бадеми


Состојки: 
Парчиња интегрален леб
Хумус
Мајонез од бадеми
Црвен пипер во прав

*Начинот за подготовка на хумус, можете да го прочитате овде.
*Начинот за подготовка на мајонез од бадеми можете да го прочитате овде.

Откако ќе ги направите хумусот и мајонезот од бадеми, на потпечено интегрално лебче ставете најпрвин од хумусот, па потоа од мајонезот, посипете малку црвен пипер и сервирајте! 
Пријатен појадок :)

Monday, August 1, 2016

Кажете НЕ на убиецот наречен „бело брашно“!

Белото брашно на нашите простори е општопознато и се користи во големи мери. Секојдневно се користи, консумирајќи бел леб, бурек, баници, бели солени и благи пецива итн... Со самото тоа што е познато, достапно и се користи не значи дека е и здраво.
Белото брашно е едно од најштетните состојки во секојдневната исхрана. Тоа е најголем убиец и причинител на многу болести.

Проблемот со  белото брашно настанува кога тоа всушност се појавува, во времето на Луј 14ти, во Франција. До тогаш луѓето се хранеле со брашно од цели зрна и други интегрални производи, со што и не се соочувале со срцеви болести, дијабетес или канцер.  Овие болести почнуваат да се развиваат со консумирањето на белото брашно.

Една интересна приказна реферира на тоа дека французите кои можеле да си ги дозволат колачите и слатките задоволства од бело брашно на француските пекари почнале се повеќе и повеќе да се разболуваат, за разлика од тие кои не можеле да си го дозволат тоа и се хранеле со  производи од интегрално потекло. Докторите од тоа време никако не можеле да ја направат конекцијата помеѓу храната и болестите. Заради непознати причини богатите се разболувале, а сиромашните биле здрави.

Белото брашно е брашно од пченица, со бела боја, од кое најголем дел од состојките кои се потребни на организмот со обработката се извадени. Се што е со важна нутритивна вредност – витамини, минерали, амино киселини и ензими потребни за дигестирање на храната се извадени во процесот на мелење и пречистување, па тоа што останува нема скоро никаква нутритивна вредност.

Во понатамошниот процес, за да ја добие белата боја на брашното му се додава хемикалија, кој е смртно опасна по животот, наречена алоксан. Оваа хемикалија го уништува производството на инсулин, во ќелиите на панкреасот, со што директно предизвикува дијабетес тип 2, односно инсулин – независен дијабетес. На крај се додаваат и вештачки витамини, кои предизвикуваат канцер. 

Отровот по дефиниција е супстанца која преку својата хемиска акција убива, односно го напаѓа нашиот организам; нешто деструктивно и болно. Со оваа дефиниција, белото брашно се квалификува како отров. Суптилен и „сладок“ отров.

Белото брашно го зголемува ризикот од покачување на крвниот притисок, срцев удар, напади, дебелина, дијабетес и висок холестерол. Тоа исто така го зголемува ризикот од канцер и артритис. Белото брашно исто така го намалува имунитетот и е едно од главните причинители на замор, депресија, анксиозност, хипогликемија итн...

За да бидете здрави, енергични и полни со живот, веднаш заменете го белото брашно со брашно од цели зрна – интегрално. Исто така обогатете ја вашата исхрана и со брашно од хељда, наут, кокос, спелт, ориз... Овие видови на брашно, на вашиот организам ќе му донесат многу витамини, минерали, киселини и диететски влакна, за нормално фунцкионирање и зголемување на имунитетот. 

Избегнувајте било што направено од бело брашно – леб, торти, колачи, пецива, палачинки, паста итн... За сите овие производи имате здрава алтернатива, со високи нутритивни вредности. 
Сакајте се себеси и вашите најблиски, изберете здрава исхрана!

ИмуноКујна ви нуди здрава алтернатива за:


*Прочитајте повеќе за:

Здрав, брз и лесен - протеински ИмуноПојадок


Време на подготовка: 5 минути
Време на готвење: 5 минути

Состојки:
Парчиња интегрален леб
Јајца 
Козји кашкавал
Маслинки
Чиа семе
Масло за готвење
Сол

*Количината на парчињата интегрален леб и јајцата варира во зависност од бројот на порции!
Во нашиот рецепт се користени 6 парчиња интегрален леб и 4 јајца со средна големина.

Подготовка: 
Во чинија изматете ги јајцата. Додадете сол и малку чиа семе. Во тава за готвење ставете малку масло и испржете ги веќе изматените јајца.
Потпечете ги парчињата интегрален леб. На потпечените парчиња леб, ставете од омлетот, изрендајте малку козји кашкавал и ставете маслинки. 

По ваша желба, одозгора ставете уште едно парче потпечен интегрален леб. Сервирајте и уживајте во вашиот брз протеински појадок!