Време на подготовка: 5 минути
Време на готвење: 10 минути
Порции: 4
Состојки:
500 мл. ладна вода
4 лажици овесна каша
4 лажици кокосово брашно
Стевиа или мед
Овошје по избор
Подготовка:
Во пола литар ладна вода ставете 4 лажици овесна каша и 4
лажици кокосово брашно. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Потоа истата
ставете ја на рингла и со постојано мешање, чекајте да зоврие. Намалете ја
температурата и варете ја густата смеса 10 минути. По вкус додадете стевиа или
мед.
Овошјето, по ваш избор, блендирано додадете го во смесата и
рачно измешајте.
Нашиот избор на овошје за денес е кајсија.
Пријатен појадок,
No comments:
Post a Comment