Thursday, August 4, 2016

Здравствени придобивки од смоква

Смоквата е едно од најпознатите овошја уште од античко време. Свежа или сува, таа е богата со многу нутритивни вредности, антиоксиданти, минерали и витамини, од кои вашето здравје ќе има големи придобивки. 

Многу луѓе не само што не јадат доволно овошје и зеленчук, тие консумираат и големи количини на натриум во форма на сол, кој често се додава во преработената храна. Овие лица многу често имаат дефицит на калиум. Смоквите се добар извор на калиум, минерал кој помага во контрола на крвниот притисок. Низок внес на храна богата со калиум, особено кога се внесува заедно со повеќе натриум, може да доведе до хипертензија. 

Сувата смоква содржи омега-3 масни киселини и омега-6. Овие киселини го намалуваат ризикот од срцеви болести. Тие исто така имаат сигнификантно значење и во регулирање на триглицеридите.
Таа исто така содржи и голема концентрација на калциум, со што ги зајакнува коските и спречува остеопороза.

Од многуте бенефити од смоквата, ќе ги издвоиме:
- го намалува холестеролот;
- превенција од рак на дебело црево;
- превенција од пост-менопаузен рак на дојка;
- ублажување на симптомите на бронхитис;
- превенција од сексуална дисфункција;
- превенција од венерични болести;
- ослободување од болки во грло итн...

Со помош на смоквата на сладок начин можеме да ја контролираме и телесната тежина. Тие се одличен извор на диетални влакна, а храната која е богата со влакна има позитивен ефект врз контролата на телесната тежина. 

Најполезна за употреба е свежата смоква, но како да ја изберете онаа од која ќе имате најголем бенефит во однос на вашето здравје? 
За директна консумација се користат само потполно зрелите плодови, кои на допир не се раскашавени, туку се меки.
Битен факт е дека бојата на лушпата не е показател за зрелоста на смоквата. Во зависност од сортата на смоква, таа може да има светло зелена боја на лушпата, а сепак да е зрела. 
При изборот на смоква, исто така треба да се потпреме и на сетилото за мирис. Доколку почувствувате дека смоквата мириса на кисело, во тој случај е почнат процесот на ферментација и истата не е за консумирање. 
Битно е да се знае дека недозреаната смоква е токсична, бидејќи во себе содржи латекс - сок кој многу наликува на млеко и ги штити плодовите до нивното созревање.

*Рецепти од ИмуноКујна со суви смокви:
Рецепт за „ИмуноПлочки“
Рецепт за „Салата со суви смокви, рукола и спанаќ„
Рецепт за „Енергетски бомбици со суво овошје“

No comments:

Post a Comment