Време на подготовка: 15 минути
Состојки:
1 шолја лупени бадеми
1 шолја вода
1 цеден лимон
1 супена лажица јаболков оцет
1 кафена лажица сенф
2 кафени лажици сол
1 шолја ладно цедено масло
Подготовка:
Во мал сад загрејте вода. Кога водата ќе зоврие, ставете ги
сировите бадеми да се варат. Кога ќе бидат сварени извадете ги и измијте ги со
ладна вода. Ставете ги на хартија да се исушат и потоа еден по еден, извадете
ја лушпата.
Ставете ги сварените бадеми, водата, сокот од лимон,
јаболковиот оцет и сенфот во блендер. Додадете сол по вкус. Блендирајте околу
минута, а потоа полека додавајте го ладно цеденото масло.
Мајонезот од бадеми со сигурност ќе биде Вашата омилена
закуска!
Уживајте!
No comments:
Post a Comment