Летото е период во кој треба да се користи храна со активна,
експанзивна енергија. Зеленчук како блитва, зелје, кељ, зелка, спанаќ,
тиквички, пченка и локално и сезонско овошје – цреша, јагода, малина, диња,
праска, кајсија и многу други треба да бидат на Вашата листа на исхрана. За време
на летото природно користиме едноставни начини на готвење, како на пример на
пареа, кратко пржење кое бара помалку време или подготвуваме свежи салати. Салатите од житарици, тестенини, мешунки и
зеленчук се препорачуваат често да се користат.
На високи температури, со потењето често се губат минерали.
Разладувачки ефект може да се добие со лесно и временски кратко варење на
продуктите и намалена употреба на сол и други зачини. Често може да се користат
и да се служат мали количини на овошно желе, пивтија од зеленчук, а повеќе да
се конзумираат овошни салати, лубеници и краставици кои имаат освежувачки
ефект, доколку истите умерено се конзумираат.
Можеби сте мислеле дека за краставицата знаете се, но
доколку го прочитате овој текст, ќе видите дека ова е прекрасен летен зеленчук
кој ни нуди повеќе од она што вообичаено му се препишува. Необично е богата со
витамини и минерали. Краставицата ги содржи витамините: B1, B2, B3, B5, содржи
фолна киселина, Витамин Ц, како и минерали - калциум, железо, магнезиум,
фосфор, калиум и цинк.
Освен витамини и минерали, краставицата во својот состав има
и вода и тоа 95%. Краставицата со витамините, електролитите и шеќерите ги
надоместува есенцијалните нутриенти, кои му се потребни на вашиот организам.
Краставицата многу често се користи и за разубавување и
разладување на кожата, за намалување на отоци на лицето и за освежување на
здивот. Таа се вбројува во еден од најпопуларните зеленчуци, кои се користат во
козметиката.
За освежување и детоксикација на вашиот организам во топлите
денови, ви препорачуваме да конзумирате вода со краставица, ѓумбир, лимон и
нане.
Во продолжение можете да прочитате како да ја подготвите
познатата „Саси вода“:
Свежата краставица и коренот од ѓумбир исецкајте ги на коцки
и ставете ги во поголем сад. Додадете осум чаши вода. Потоа ставете го и
лимонот, пресечен на половина, и неколку свежи листови од нане.
Оставете ја смесата да стои во фрижидер во текот на ноќта и
наредното утро започнете со консумација, чаша по чаша, од утрото до ноќта.
No comments:
Post a Comment