Време на подготовка: 10 минути
Време на готвење: 20 минути
Порции: 4
Состојки:
1 Jајце
400 мл. минерална вода
2 лажици зејтин
300 гр. пченкарно брашно
200 гр. оризово брашно
100 гр. брашно од хељда
1 лажица сок од лимон
1 страк праз
3 моркови
Сол
1 лажица сусам
Пола кафена лажичка сода бикарбона
Подготовка:
Во сад се мати јајцето со миксер. Кога ќе се измати се додава 400 мл. Минерална вода и две лажици зејтин. Потоа продолжувате со рачно мешање на смесата. Ги додавате едно по едно пченкарното брашно, брашното од ориз и брашното од хељда. Кога ќе добиете компактна смеса со средна густина, го додавате сокот од лимон, исецканиот праз и изренданиот морков. По вкус се додава сол. Пред да ја ставите смесата во тава за печење, додавате сусам и сода бикарбона.

Смесата се поставува на хартија за печење во тава, се
распоредува и се пече 20 минути на 200 степени.
Сервирајте ја пројата со чаша кефир и уживајте!
Copyright © 2016 ImmunoKitchen. All Rights Reserved.

No comments:
Post a Comment