Вашиот организам ќе ви биде благодарен ако почесто го
конзумирате овесот. Со негово често користење внесуваме мал број на калории, кои
се значајни за намалување и одржување на телесната маса. Исто така содржи многу
диететски влакна кои помагаат за редовно чистење на организмот, како и
протеини,железо, магнезиум, калиум, цинк, бакар, манган, селен,тиамин, витамин
Е и во завидни количини има калиумови соли, скроб и шеќер.
Како резултат на темелни истаржувања, денес овесот доживува
вистинска ренесанса. Тој станал еден од најбараните извори на енергија и
нутритиенти и вистинска природна ризница на многу важни соединенија. Овесот
може да се јаде сиров, варен, печен, солен или засладен.Чинија овесна каша за
доручек му ги дава на организмот сите потребни сосотојки. Всушност, може да се
јаде во било кое време на денот, подготвен на безброј начини.
Овесот посебно се препорачува на слаби и уморни луѓе, на
жени после раѓање, како и на особи кои се изложени на физички и психички напор.
Овесот го подобрува квалитетот на забите и коските и поради тоа се препорачува
за деца. Тој се користи и за зајакнување на мускулната маса кај возрасните, но
и за постигнување на баланс на хормоналната слика кај жените во менопауза.
Исто така тој е многу моќно средство за јакнење на нервниот
систем. Овесот се препорачува на сите кои патат од несоница, психички замор,
анксиозност и депресија.
Овесот е лесно сварлива житарица, па затоа често им се
препорачува на лицата со проблеми со варењето на храната, при желудочни
заболувања и болести на цревата. Овесот помага и при разни воспалителни
процеси, како при воспаление на дишните патишта и друго.
Со редовно консумирање на овес во исхраната, односно со
спроведување на т.н. овесна терапија подолго
време, доаѓа до намалување на нивото на шеќерот во крвта.
Никогаш не ја истурајте водата во која сте го вареле овесот.
Од истата можете да подготвите зеленчукова супа или пак со додатоци од мед или
малтекс и цимет може да се направи топол или ладен напиток. Во неа се наоѓаат
многу корисни состојки кои се од големо значење за организмот.
Овесот треба да се користи во секојдневната исхрана, бидејќи
го чува здравјето на организмот и ги зајакнува неговите природни одбранбени
механизми.
No comments:
Post a Comment