Грижата за вашето здравје започнува од вашата кујна и тоа од
основните намирници. Без разлика на брзиот начин на живот, во овој текст, ќе ви
дадеме пет совети за здрав начин на исхрана. Единствениот услов за нивна
примена е вашата желба за здрава исхрана.
1. Авокадо наместо мајонез
Наредниот пат кога ќе правите сендвич, наместо мајонез
ставете авокадо. Од авокадото ќе имате многу повеќе здравствени придобивки,
отколку од било кој мајонез.
2. Интегрален леб наместо бел леб
Белиот леб уште денес заменете го со интегрален леб. Доколку
сте во можност пригответе леб во домашни услови. Користете црно, интегрално или
брашно од хељда.
3. Кафеав ориз наместо бел ориз
Кафеавиот ориз има повеќе диететски влакна, повеќе протеини
и воопшто повеќе здрави хранливи материи од белиот ориз. Белиот ориз се само
„празни калории“ со многу малку хранливи материи.
4. Козјо млеко наместо кравјо
Козјото млеко е одличен извор на протеини, содржи помалку
шеќер (лактоза), 13% повеќе калциум, 25% повеќе витамин Б6, 47% повеќе витамин
А и 134% повеќе калиум. Ви треба причина повеќе за веднаш да го замените
кравјото со козјо млеко?
5. Киснете го овошјето и зеленчукот
Доколку овошјето и зеленчукот не се од органско потекло,
пред да го консумирате киснете го со сода бикарбона. Во длабока чинија ставете
го исечканото овошје или зеленчук, ставете вода доволно да го покрие и ставете
пола супена лажица сода бикарбона. Оставете го околу 30 минути, а потоа измијте
го со вода.
No comments:
Post a Comment