Saturday, July 2, 2016

Наут - мешунка за здрав живот


Cicer arietinum, познат како наут е врста на највкусната мешунка од која се прави леблебија.

Во 100 g наут има многу хранливи  материи, односно 16,6 грама протеини, 6,9 грама масти, 45 грама јаглени хидрати, минерални соли (железо, калциум, фосфор, калиум, бакар), витамини (B1, B2 и C), полисахариди, лецитин и бетаин. Богат е и со масни киселини.

Од наутот се прават супи, варива, салати, пецива, сосови и намази. Пржениот наут се користи како апетисан и како состојка за подготвување на кафе. Од него се прави брашно од кое се подготвуваат пецива и кое се користи како додаток во супи и варива. Тој завзема централно место во исхраната во Блискиот Исток, односно хумусот и фалафелот.

Истражувањата покажале дека редовното консумирање на оваа мешунка брзо го намалува холестеролот. 
Наутот лесно се вари и благопријатно делува на органите за варење. Посебно се препорачува на лицата кои имаат проблем со црева склони на иритација. 
Наутот помага и во стабилизација на нивото на шеќерот во крвта.

Наутот содржи и магнезиум, кој е клучен за регулирање на притисокот. Магнезиумот е неопходен за пренос на нервните импулси и регулирање на контракциите на мускулите, односно нервите кои ја контролираат работата на срцевиот мускул.
Магнезиумот исто така има многу важна улога во врзување на калциумот за коските, па дури одредени истражувања ја поврзуваат остеопорозата со недостаток на магнезиум во организмот, бидејќи во случај на недостаток на магнезиум, ни калциумот не може на соодветен начин да се апсорбира во организмот. Многу е важен за трудниците бидејќи ја намалува опасноста од предвремено породување и загуба на плодот.

Оваа мешунка и кога е варена содржи дупло повеќе железо од месо во истата количина, а протеините од наутот скоро може да ги заменат протеините од месото. Калциумот и калиумот во листот на мешунката ги има повеќе отколку во спанаќот и зелката.

Наутот има уште едно многу корисно својство кое оди во прилог на јакнење на имунитетот, односно помага да се исфрлат сулфатите кои ги има во конзервираната храна. Осетливоста на сулфатите може да се јави во било кој период од животот, а симптоми се слабост, гадење, кожен осип, тешко дишење и др.

Во исхраната се користат свежите листови од наутот, семките и никулците кои се подготвени низ процес на `ртење.

No comments:

Post a Comment