Во последните години станува се` појасно и појасно дека
исхраната има големо влијание на нашето здравје. Знаеме која храна е здрава и
корисна, а и многу добро знаеме која треба да ја избегнуваме.
Преработената храна, храната полна со адитиви и конзерванси
во нашиот организам предизвикува бројни промени и реакции. Некои од нив се и
патолошки промени кои можат да доведат
до рак.
Сите информации за нездравата храна ги знаеме, но сепак го
бираме наједноставното решение - купуваме полуготова храна, бираме преработена
храна, бранејќи се дека немаме време да готвиме. Најздравата храна е онаа која
многу малку или воопшто не е преработена во фабрика. Преработената храна има
уште една маана – адитиви кои мора да се додаваат за храната да трае подолго. Тие
адитиви се најголемата штета за нашиот организам.
Кога се говори за храната како лек, мора да се земе во
предвид уште едно тврдење. Се` поголемо и поголемо е влијанието на медицината и
начинот на живот на Блискиот Исток каде што преовладува верување дека храната
има големо влијание на нашиот организам и на тоа што го мислиме. Древните луѓе
од Исток верувале дека и ние и храната сме настанати од истиот извор и го имаме
практично истиот генетски код. Нашиот организам ја препознава храната, како дел
од себе и со консумирањето на природна храна, му го враќаме на организмот она
што му припаѓа.
Традиционалната кинеска медицина ја поделила природната
храна во два дела. Првиот дел е секојдневната храна која би требало да ја
јадеме, воглавно овошје и зеленчук. Другиот дел се древни зачини, кои се
користат во исхраната, за кои Кинезите веруваат дека се корисни за метаболизмот
и здравјето на организмот.
Кинезите верувале дека нашиот организам има способност да се
лечи сам. Нашето тело многу добро знае од што е болно и како тоа да го избегне.
Проблемот, посебно кај современиот човек, е тоа што човекот го има заборавено
својот генетски код и како да го разбуди. За тоа му е потребна помош од
природата, зашто човекот е настанат од неа, а тоа е можно со помош на храната,
затоа што логично, храната е нашата врска со природата. Паметно земање на
намирници од природата значи и паметно управување со генетскиот код и
првобитниот механизам во организмот.
Ние сме тоа што го јадеме, но и она што го мислиме!
Старото верување дека ние сме тоа што го јадеме е точно, но
ние сме и она што го мислиме, исто така. Доколку сме преполни со негативни
мисли и чувства, тоа неминовно ќе се одрази на нашиот организам. Најпрвин
психички, со тоа што ќе не доведе до тоа да бидеме огорчена личност, полна со
омраза, а потоа неминовно ќе се одрази и на нашите органи, кои и самите ќе
почнат да работат негативно.
Која храна треба да се консумира?
Нема овде многу размислувања. Знаеме што е исправно , само
ни треба мал потсетник.
Зеленчук:
првенствено зелено – брокула, спанаќ, блитва,
зелена салата, кељ, зелка, но и печурки, соја, грав итн...
Овошје:
јаболки, круши,
кајсии, малини, капини, јагоди, цреши, ананас, киви, лубеница, слива итн...
Јаткасти плодови:
ореви, бадеми, индиски ореви, лешници
итн...
Морски плодови:
школки, шкампи, лигњи, риба итн...
Азиска храна:
лист од бамбус, црн и црвен грав, зелен чај,
јајца од јапонска препелица итн....
Што и да изберете, запомнете дека не ни е потребна фабрика
за нашата исхрана. Природата веќе ни го дала сето тоа што нам ни е потребно!
No comments:
Post a Comment