Tuesday, July 12, 2016

6 совети за слабеење од нутриционисти и тренери


Летото е овде, а вие сеуште не можете да се ослободите од вашето „стомаче“. Секогаш кога ќе почнете нова диета или нов режим и пробувате да се држите до тоа, излегува нешто што ги попречува вашите планови - немате време, изморени сте, не сте во тоа расположение, би сакале да го јадете тоа што ќе посакате итн...

За жал, моделите во списанијата и на телевизија се овде за да не потсетат секој ден колку телото може да биде убаво и импресивно. Наместо да се восхитувате гледајќи го нивното тело, денес е денот кога треба да почнете да работите на вашето. Во продолжение следуваат шест совети од професионални нутриционисти и тренери, за како полесно да дојдете до саканите резултати.

1. Пијте повеќе вода!
Хидратацијата на телото го погодува метаболизмот, односно начинот на кој стомакот ја обработува храната и како обработената храна придонесува за вашето тело.

Потребата за вода на секој е различна, но сепак докторите дошле до заклучок дека е препорачливо дневно да се внесува од 3 до 4 литри вода. Пиењето вода за време на вашиот оброк, го успорува процесот на варење и го успорува метаболизмот. Успорувањето на метаболизмот не значи и топење масти.
Одличен совет кој треба да се користи е да испиете една чаша вода кога ќе се разбудите наутро, една чаша половина час пред оброк и постојано во текот на денот.

2. Исфрлете го „ѓубрето“!
Даун Џексон го дава еден од најдобрите и директни совети. Исфрлете го „ѓубрето“ и наредниот пат кога ќе пазарувате во маркет, избегнувајте производи кои содржат хемикалии, дополнителни шеќери, засладувачи и бои. Овде ќе ги вклучиме и џусеви и газирани сокови. Овие напитоци содржат огромен број на додадени шеќери, за да бидат прифатливи на вкус од голем број на луѓе.

Овде не се збори само за познатите Кока кола, Спрајт и слични сокови, овде се збори и за овошните сокови во тетрапак, кои се преполни со додадени шеќери.

3. Не гладувајте. Никогаш!
Обично првото решение за побрзо слабеење е гладот. Девојки, познато?

Ова е многу погрешно! Кога гладувате, вашиот метаболизам оди до критична точка, во која секоја калорија е битна. Метаболизмот се успорува со цел да превенира изгладнување. Ова значи дека потоа кога ќе јадете, вашиот метаболизам ќе ја дигестира храната многу побавно, затоа што сте го довеле до точка на изгладнување.

Секоја храна која не е потрошена како енергија, ќе оди директно во складиштето на маснотиите. Вака функционира нашиот организам и тоа се случува кога ќе го доведете до точка на изгладнување.

4. Кофеинот е ваш пријател!
Консумирањето кофеин е добро за слабеење и уништување на масните ќелии во вашето тело. Истражувањата докажуваат дека консумирањето кафе или зелен чај, има бенефити за телото со тоа што го покачува нивото на кофеин и не држи будни, активни и продуктивни, односно кофеинот го забрзува метаболизмот.

5. Било какви вежби се подобри од ниту едни вежби!
Кога сакате да намалите тежина, мора да бидете постојани и да го издржите целиот процес. Тренирате, внимавате на диетата, се грижите за вашето тело и работите напорно. Сепак доаѓаат и тие денови од неделата, односно не можете да станете од кревет, изморени сте, мрзеливи и ништо не ви се прави денес, а треба да тренирате.

За време на овие денови, најбитно е да се обидувате. Било какви вежби, се подобри од ниту едни вежби! Доколку на распоредот е трчање или тренинг за сила, пробајте да направите барем третина од тренингот.

6. Јадете масти!
Но... внимавајте какви. Треба да внимавате на лошиот и добриот холестерол. Има многу здрави намирници, полни со добар холестерол. Пробајте да употребите некои од следните намирници: грав, лосос, авокадо, лук, спанаќ, лешници и бадеми.

Со овие намирници сте на вистинскиот пат за да го достигнете совршеното тело и да го подобрите вашето здравје.

Сепак на крајот, треба да бидете свесни дека големите резултати не доаѓаат преку ноќ, па луѓето постојано губат трпение и се откажуваат на средина на патот кон целта.

Мора да издржите, да го посакувате тоа неизмерно многу и да се стремите кон исполнување на вашата цел.


Никогаш не се откажувајте!

No comments:

Post a Comment