Wednesday, July 20, 2016

Што всушност значи „органско“?


Одлуката за здрава исхрана е одличен почеток кон здравиот живот. Исхрана полна со овошје, зеленчук, цели зрна, добри масти влегува во изборот за здрава храна, но овде се поставува прашањето за безбедноста и начинот на одгледување на истата храна. Како храната е одгледувана и произведена има големо влијание и на вашето здравје, но и на околината.

Терминот „органско“ се однесува на начинот на кој продуктите се одгледувани и произведени.
За да се добие налепница, односно потврда дека храната е органска, постојат неколку правила кои треба да бидат испочитувани од страна на прозведувачот, од кои најважни се:
- Органската храна мора да се одгледува во безбедна земја, да нема модификации и да се одгледува посебно од конвенционалните продукти;
- На произведувачот не му е дозволено да користи синтетички пестициди, генетски модифицирани организми, ѓубриво во кое во основата има нафта и ѓубрива од отпадни води;
- Животните мора да имаат допир со надворешниот свет и да се хранат органски;
- За да го добијат името „органско“, на животните не треба да им се даваат антибиотици или хормони за раст.

Консумирањето на храна со органско потекло, ќе ви донесе голем број на бенефити на вас и вашите најблиски. Истражувањата потврдуваат дека органската храна има многу повеќе нутритивни состојки отколку конвенционално произведената храна. На луѓето со алергии на храна, хемикалии и конзерванси, често им се губат или намалуваат симптомите на алергија кога консумираат само органска храна.

Во овој текст, ќе издвоиме и неколку факти за бенефитите на органска храна:
- Органското производство содржи многу малку пестициди. Овие хемикалии се користат во конвенционалното производство и остануваат на и во храната која ја јадеме;
- Органската храна е секогаш посвежа. Свежата храна има поубав вкус. Органската храна обично е свежа бидејќи не содржи конзерванси кои помагаат во превенцијата од брзо расипување;
- Органското производство е подобро за околината. Производство без пестициди е многу подобро за птиците и инсектите, но и за луѓето кои живеат во околината или работат на производството;
- Органски одгледаните животни, се одгледувани без антибиотици и хормони за раст . Употребата на антибиотици на производството на месо, помага во креирањето на резистентност на антибиотици на одредени бактерии. Тоа значи дека кога човек, кој често го  консумирал тоа месо ќе се разболи од истата бактерија, помалку ќе реагира на третманот со антибиотици;
- Органското месо и млеко се побогати во многу состојки. Резултатите од студии во Европа покажуваат нивоа повисоко на омега 3 масни киселини и тоа до 50% повеќе во органското млеко и месо отколку конвенционалното.

Органската храна, посебно овошјето и зеленчукот купувајте го во сезона, така ќе добиете пониска цена за истото. Исто така можете да прашате кога го доставуваат на пазар или во продавница, па така ќе добиете свеж производ на вашата трпеза.

Бидете претпазливи и запомнете - органско не секогаш значи и здраво!

Брзата храна, може да биде направена од органско потекло. Тоа не значи дека со тоа што таа е направена со состојки од органско потекло,таа е и здрава! Може да биде направена со состојки од органско потекло, а сепак да биде полна со шеќери, масти, сол, калории итн...

Бидете внимателни со зборот „органско“, зашто многу често се злоупотребува!

No comments:

Post a Comment