1. Гответе сами!
Ова е една од најважните способности која мора да ја
научите. Покрај тоа што ќе уживате во храната која сте ја приготвиле, ви
дава и целосна контрола за тоа што оди во порцијата.
2. Балансирајте ја диетата!
Обидете се постојано вашата диета да биде балансирана. Таа
треба да содржи состојки од различни групи на храна.
3. Различноста е клучот – јадете го виножитото!
Исполнете ја вашата диета со различни овошја, зеленчук,
месо, риба, јајца, семиња и храна со мал број на масти. Консумирајте овошје и
зеленчук во различна боја, за да го нахраните вашето тело со различни состојки
за здравје и енергија.
4. Разберете што јадете!
Посветете се на читање литература за храната која ја
консумирате. Сите треба да дознаеме од каде доаѓа храната и како таа влијае на
нашето тело.
5. Консумирајте правилни калории!
Бидете сигурни дека повеќето од вашата енергија доаѓа од калории кои треба да ви дадат и витамини, минерали, протеини,
влакна и добри масти. Избегнувајте ги празните калории!
6. Не го прескокнувајте појадокот!
Појадокот му дава одличен почеток на вашиот метаболизам и ви
помага да бидете будни, енергични и спремни за предизвици во
текот на денот.
Бидете сигурни дека консумирате хранливи состојки за појадок!
7. Читајте ги „ситните букви“!
Многу е важно да ги читате сите состојки на пакувањата на
производите. Бидете претпазливи за бројот на шеќери, сол и заситени масти!
8. Пијте повеќе вода!
Водата е есенцијален дел од вашата диета. Пијте големи
количини на вода и избегнувајте ги празните калории од енергетските пијалоци, газираните сокови и соковите во тетрапак!
9. Бидете активни!
Вежбањето е екстремно важен фактор во одржувањето на
здравјето, па пробајте да бидете активни колку што можете повеќе.
10. Спијте доволно и добро!
Бидете сигурни дека сте се наспале убаво – ова е важен дел
од здравјето и директно влијае на способностите за учење и развивање. Додека
спиеме, нашето тело го има најважното време – време за обнова. Спијте барем 8
часа дневно!
No comments:
Post a Comment