Пратејќи ги
светските трендови во напредокот на науката и технологијата, кои бараат брзо
темпо на живот и работа, воедно оставајќи малку време за планирање на
исхраната, често доаѓа до замена на здравиот и хранлив оброк со брза и помалку
квалитетна храна. Она што ја карактеризира брзата храна е високата калориска
вредност, со многу мал број на квалитетни хранливи материи. Баш поради тој
недостаток на хранливи материи, брзата храна никако не се вклопува во
препораките за здрава исхрана.
Брзата храна воглавно содржи голем број на разни
додатоци – адитиви, кои даваат примамлив вкус и мирис, со цел привлекување
поголем број на купувачи. Високите температури
претставуваат ризик во развојот на патогени микроорганизми во брзата храна.
Ризик се и разните додатоци на јадењето, како на пример мајонезот, кои се
идеална подлога за развој на бактерии, доколку храната не се чува на соодветен
начин.
Брзата храна во
главно е масна. Заради тоа што содржи доста масти, таа има и голема калориска
вредност и тоа дава чувство на ситост. Исто така пржењето во масло, кое ретко се менува,
е многу штетно и треба да се избегнува храна која се подготвува во голема
количина на масло. Секако маслото за пржење треба да се користи еднократко, зашто
секоја следна термичка обработка му ја зголемува канцерогеноста.
Адитивите се
супстанци кои се додаваат во храната со цел подобрување на нејзиниот изглед, вкус,
мирис, боја, одржливост итн... Во склад со прописите, адитивите можат да се
користат , доколку се на позитивната листа, доколку се во дозволената
концентрација и доколку одговараат на квалитетот и се во цел на чување на
хранливите вредности.
Забранета е
употреба на адитиви со цел прикривање на неисправни сировини и лоши технолошки
постапки. Адитивите не смеат да ја менуваат природата, составот и квалитетот на
производот.
Денес
прехрамбената индустрија не може да се замисли без употреба на адетиви. Ги има
во овошјето, пецивата, месните производи, разни напитоци итн... Во брзата храна
можат да се најдат разни додатоци кои, ако се внесуваат во големи количини,
подолг временски период, може штетно да делуваат на организмот.
Младите, особено
децата, често ја консумираат брзата храна од причина што им е лесно достапна, веднаш е пред училиштето и заради адитивите, гладното дете, тешко може да
одолее. Но запознавањето со здрави стилови на живот и стекнувањето здрави
навики може доста да влијае на изборот на исхраната на детето. Правилната исхрана
подразбира редовна, разноврсна, избалансирана исхрана која ќе ги задоволи
енергетските потреби. Основата на таква исхрана треба да се житарици, млеко и
млечни производи, месо, свежо овошје и зеленчук ( од органско потекло). За
почеток, препорачливо е разните грицки да се заменат со овошје, за кое сигурно
има место во торбата. Тоа е секако посигурен и здрав избор за вас и вашето
дете.
No comments:
Post a Comment