Намирниците кои се сугерирани во овој текст имаат позитивно влјание за намалување на телесната тежина или одржување и затоа истите би требало да ги консумирате почесто!
Алги
Во својот состав
содржат витамини Ц и Б и влакна кои даваат чувство на ситост. Тие организмот ни
го заситуваат и со јод. Зелените алги, најдобро е да се консумираат како прилог
во салати, супи или готвени јадења.
Горчлива диња или карела
Таа е позната по
својот плод кој се смета дека е еден од најгорчливите плодови во светот, а главно се користи во третман на дијабетис. Таа во телото активира лачење на
хормон кој се создава во масното ткиво и кој заедно со други хормони делува
на осетот за глад и ситост.
Цитрон
Цитронот помага
при топење на мастите. Цитронот ја зголемува циркулацијата и игра
голема улога во намалување на телесната тежина. Најголема добивка за вашето тело ќе имате од недозреаниот цитрон.
Ѓумбир
Коренот од
свеж ѓумбир кој содржи етерични масла е сличен на чилито заради загревањето на телото. Тој го зголемува лачењето на
жлездите, соковите во дигестивниот тракт и жолчката и така позитивно делува
на целиот систем за варење.
Кафе
Кофеинот помага
при зголемување на согорувањето на мастите. Тие со помош на кофеинот се
разградуваат и стануваат извор на енергија на телото и не се таложат во него.
No comments:
Post a Comment