Thursday, July 14, 2016

Рецепт за имуно варијанта на познатото мезе „Баба гануш“


„Баба Гануш“ е стартер, т.е. мезе кое доаѓа од земјите на Блискиот Исток. Во основата на „Баба Гануш“ е модриот патлиџан, а другите состојки (доколку сакате да ги има) се сезонски зеленчуци. ИмуноКујна за вас направи брза, едноставна и многу вкусна варијанта на познатото мезе. Пречекајте ги гостите или изненадете го вашето семејство со „Имуно баба гануш“

Време на подготовка: 10 минути
Време на готвење: 5 минути

Состојки:
1 модар патлиџан 
2 лажици ладно цедено масло
Сол 
Печен и толчен сусам (по желба)
Сок од цеден лимон (по желба)
Лук (по желба)

Подготовка:
Модриот патлиџан пресечете го на половина и ставете го во тавче во фурна да се пече.
Откако ќе се испече, излупете го и испасирајте го. Во мал сад, до точка на зовривање, загрејте го ладно цеденото масло и сипете го врз испасираниот модар патлиџан (по желба ладно цеденото масло може да го ставите и без да го загреете). Со вилушка или миксер, измешајте ја смесата, додадете сол по вкус и по ваша желба додадете печен и толчен сусам, сок од цеден лимон и лук.

„Имуно баба гануш“ можете да го користете како додаток на јадење или како мезе пред ручек.
ИмуноКујна ви предлага да го сервирате со лебот од хељда и спелта (рецептот за домашниот леб е достапен на http://immunokitchen.blogspot.mk/2016/07/blog-post_10.html ).

Уживајте!

No comments:

Post a Comment