Wednesday, July 27, 2016

Наполнете ги резервите со витамин Д


Сите ние кога се изложуваме на сонце сме исклучително внимателни и правиме големи подготовки за да ја намалиме штетноста од УВ зраците врз нашето тело, но не смееме да заборавиме дека сепак мора малку и да се изложиме на сонце, заради ендорфинот и витаминот Д, чие делување ќе ни биде и повеќе од потребно не само на лето, туку и во зимскиот период.

Искористете ги сончевите зраци кои сега ги има во големи количини и рано наутро или после ручек поминете време на сонце. Топлите сончеви зраци ќе делуваат поволно на синтетизирање на витаминот Д.

Овој витамин е откриен и го добил своето име во 1922 година. Не е есенцијален витамин, но неговата улога е главна во одржување на рамнотежата на калциумот во организмот. Во витаминот Д влегуваат седум витамини кои се разликуваат по структурата, а најважни се Д2 и Д3. Доколку нема доволно витамин Д, калциумот кој го внесувате во организмот не се апсорбира, па доаѓа до рахитис кај децата и опстеопороза кај постарите. 

Докажано е дека витаминот Д помага во лечење на некои облици на рак и автоимуни болести.

Иако витаминот Д се внесува и преку храна (јајца, месо, рибино масло, скуша, харинга, лосо, туна итн...), поголемиот дел се внесува со помош на УВ зраците. 
Витаминот Д помага и во јакнење на имунитетот на организмот, односно има голема улога во борбата против настинка, но и некои типови на грип и вирози кои доаѓаат во зимските месеци кога сонцето е многу ретко и слабо, па нашиот имунитет слабее.

Примањето на витамин Д само преку сончање и исхрана не може да ви наштети. Евентуалното претерано и неконтролирано земање на синтетизирани надоместоци доведувааат до случаеви на предозираност и можат да бидат токсични. 
Доволно е да поминете 15 минути на сонце, неколку пати во денот, но без УВ заштита и надвор од град, зашто смогот и нечистиот воздух може да ги блокира УВ зраците да стигнат до вашата кожа.

Летниот период е идеална прилика да ги наполните своите резерви со витамин Д. Истражувањата потврдуваат дека сончевата светлина го поттикнува ендорфинот - хормон задолжен за доброто расположение, па затоа и не е чудно дека во земјите на север има поголем број на заболени од депресија, отколку на сончевиот медитеран. 

Не ја одбивајте силата на сончевата светлина и топлина, знаејќи и самите колку ни значи и еден зимски сончев ден, во морето од облаци, дождови и снег. 
Искористете го убавото сончево и топло време за прошетки во парк, на плажа или кафе на вашата тераса. Затворете ги очите и опуштете се додека вашето лице го галат сончевите зраци.

No comments:

Post a Comment