Време на подготовка: 15 минути
Состојки:
400 гр. суви (пресувани) урми
200 гр. суви смокви
200 гр. непечени и несолени бадеми
30 гр. чиа семе
30 гр. печен сусам
Подготовка:
Исечете ги пресуваните урми и сувите смокви на ситни парчиња и ставете ги во длабок сад за мешање. Потпечете го сусамот во фурна и додадете го во смесата. Бадемите изблендирајте ги на едро (нека ви останат мали парчиња) и додадете ги во садот заедно со чиа семето.
Мешајте ја смесата рачно и додадете малку вода за соединување на смесата и полесно мешање.
Во правоаголен сад, ставете проѕирна фолија, поставете ја смесата, израмнете ја и покријте ја исто така со проѕирна фолија.
Оставете ја смесата да одстои најмалку два часа во фрижидер и исечкајте ја во форма по ваша желба.
Имуно плочите се лесни за пакување, па можете да ги понесете со вас на работа или на пат, за во секој момент да ви дадат сила и енергија!
Copyright © 2016 ImmunoKitchen. All Rights Reserved.
No comments:
Post a Comment