Saturday, July 23, 2016

5 совети за разубавување од различни земји


Бразил
Доколку се подготвувате да заминете на одмор или веќе сте на некоја плажа, ви ја препорачуваме бразилската антицелулитна козметичка терапија. Бразилките го користат песокот за триење на кожата и на тој начин ја подобруват циркулацијата, го одржуваат телото и го намалуваат целулитот.

Јапонија
Јапонките надалеку се познати по древната техника на органско производство на златното масло од камелија. Тие секојдневно го користат во одржување на својот изглед и убавина и со висок процент успеваат да ги намалат веќе создадените брчки, да ја нахранат кожата и ноктите, а исто така да ја подмладат и оживеат косата.

Австралија
Староседелците на далечната Австралија ни препорачуваат древен рецепт за успешно ослободување од првутот во косата. Со додавање на само неколку капки масло од еукалиптус или масло од чичок во шампонот, трајно си го решаваме проблемот со првутот во косата.

Индија
Тајната на густата, сјајна и цврста коса на жените од Индија, лежи токму во кокосовото масло. Еднаш неделно го загреваат кокосовото масло и пред легнување ја мачкаат косата со втријување до коренот. 
Обидете се да го примените овој совет за цврста коса, а следното утре измијте ја косата со шампон од органско потекло.

Скандинавија
Жените од Скандинавија имаат неверојатно негувана кожа.Тие освен што пијат минерална изворска вода, со истата го мијат лицето. Тие наведуваат дека минералната изворска вода помага при хидратација на кожата и при намалување на отоците. Минералната вода мора да биде ладна и барем 20 пати да го измиете лицето.

No comments:

Post a Comment