Бројни истражувања потврдуваат
дека постојат еден куп намирници кои содржат состојки што го забавуваат
процесот на стареење. Овие намирници против стареење се покажале како корисни и
имаат ефект само доколку се користат постојано и во континуитет. Тие не само
што придонесуваат за долг живот, тие исто така помагаат и во борбата против
болести на срце, дијабетес и остеопороза.
Често се наоѓаме во ситуација во која
сакаме да го закочиме процесот на стареење, но сепак научниците сеуште ја
немаат откриено „фонтаната на младоста“, па затоа мора сами да преземаме начини
за забавување на природниот процес на стареење, а како на друг начин, ако не
преку храната.
Во продолжение ви претставуваме
десет намирници кои ќе ви помогнат во борбата против стареењето.
1. Лешници и бадеми
Според Училиштето за јавно
здравје при Харвард, овие јаткасти плодови се совршени за успорување на
процесот на стареење, бидејќи се полни со Омега-3 масни киселини. Овие плодови
генерално го подобруваат и здравјето, односно го контролираат нивото на
холестерол, го подобруваат функционирањето на дигестивниот тракт и го подобрува
имунитетот со големиот број на минерали што ги содржат.
2. Бобинки
Истражувачите од Универзитетот
Тафтс откриле дека голем дел од составот на боровинките и други бобинки
помагаат во намалување на воспалувања. Тие, исто така делуваат и на намалување
на оксидативните оштетувања кои се последица на стареењето.
3. Здрави зеленила
Содржат калциум, витамин Б и уште
многу различни состојки кои ги јакнат коските и помагаат во превенцијата од
проблеми со видот во постари години. Многу честата исхрана со зелка и брокула
го намалуваат ризикот од рак и губење на меморијата.
4. Црно чоколадо
Според најновите истражувања,
какао семките, од кои се прави црното чоколадо, во комбинација со големата
концентрација на антиоксиданти, ја намалува инфламацијата на кожата кога е во
допир со УВ зраци. Црното чоколадо ја подобрува и циркулацијата и помага кожата
да изгледа помладо.
5. Грав
Истражувањата покажуваат дека
гравот е одлична храна за срцето и што повеќе го јадете, тоа подобро. Тој е
одличен извор на многу протеин, а малку калории и посебно се препорачува за
вегетаријанци. Гравот е полн со влакна, кои помагаат во регулирање на
холестеролот, а содржи и многу витамини и минерали, антиоксиданти и витамин Б.
6. Интегрални житарки
Полни со влакна, витамини и
антиоксиданти, целите зрна го редуцираат ризикот од заболување од рак и
кардиоваскуларни болести. Тие исто така се одлично во превенцијата од дијабетес
и проблеми со висок притисок. Број еден намирници од оваа категорија се
кафеавиот ориз и овесот.
7. Риба
Спроведените истражувања за
рибата откриваат дека Омега-3 масните киселини од рибите имаат големо влијание
на делот од мозокот одговорен за однесувањето и емоциите кај здрави личности.
Тие исто така имаат и големо влијание и на надворешниот изглед. Омега-3 во
туната и лососот ги содржат нај ефективните антиинфламаторни ефекти.
8. Црвено вино и други напитоци
Една чаша на ден црвено вино ќе
ви донесе многу придобивки за вашето здравје и убавина. Содржи голем број
антиоксиданти и пречистувачи. За луѓето што не пијат црвено вино, се
препорачува кафе кое го намалува ризикот од Паркинсонова болест, дијабетес и го
намалува ризикот за срцев удар.
9. Маслиново масло
Најновите истражувања докажуваат
дека маслиновото масло содржи огромен број на моно незаситени масти кои се
одлични за вашето тело и срце.
10. Авокадо
Без разлика како го консумирате,
дали во сос или исечкано во салата, авокадото е популарно по своите состојки
против стареење. Според Институтот во Бостон, авокадото е богато со витамин Б,
витамин Е, калиум, антиоксиданти и моно незаситени масти. Минералите и
витамините во авокадото докажано го регулираат холестеролот, крвниот притисок и
го подобруваат надворешниот изглед. Сите овие состојки на авокадото
допринесуваат за вашата кожа да биде мека и еластична.
Генерално, едно од најдобрите
оружја против стареењето е здравата исхрана. За возврат, тоа помага и во
превенцијата од многу болести. Листата на намирници против стареење варира, а
во некои истражувања покрај овие основни 10 намирници можете да ги најдете и
лукот, црвените пиперки и морковите.
No comments:
Post a Comment