Секојдневно слушаме и зборуваме за метаболизмот како да е
нешто што можеме лесно да го управуваме со некаква пилула, со зелен чај или
со трчање – џогирање. Секојдневно и гледаме наслови во медиуми „Како да го
забрзате метаболизмот“ или „Пробајте ја оваа диета за забрзување на
метаболизмот и намалете ја тежината“.
Но, реално, многу малку е познато во широката јавност за
вистината за метаболизмот, ова уште повеќе што и науката нема до крај
расчистено со одредени аспекти на овој, до некаде и мистериозен биолошки
процес.
Ви презентираме неколку факти кои ќе ви помогнат подобро да
го разберете метаболизмот и како да размислувате во врска со него во насока на
намалување или зголемување на тежина и одржување на здравјето.
Метаболизмот е во секоја клетка во вашето тело
Често се зборува за метаболизмот како да е мускул или орган
во телото кој можеме да го виткаме или некако да го контролираме. Но, во
реалноста, метаболизмот е всушност серија на хемиски процеси во секоја клетка
кои ги претвораат калориите кои ги внесувате преку храната во гориво кое ве
одржува во живот. Вашиот „одморачки“ или основен метаболизам прикажува колку
калории согорувате правејќи ништо, односно колку калории трошат вашите органи
за да функционираат нормално. Главните органи во телото: мозокот, црниот дроб,
бубрезите и срцето трошат околу половина од енергијата која се согорува при
одморање, додека мастите, дигестивниот систем и особено мускулите ја трошат
останатата половина.
Најголемиот дел од енергијата која ја трошите е од
одморачкиот метаболизам
Вашето тело секојдневно троши енергија на три начини:
1)
одморачки или основен метаболизам – енергија која ја користи телото за основно
функционирање;
2) енергијата која се користи за разложување на храната која ја
внесуваме;
3) енергијата која се користи за физичка активност.
Како што објаснивме, одморачкиот или основниот метаболизам
користи најголем дел од калориите кои ги согоруваме секојдневно. Додека,
физичката активност, користи само мал дел од вкупното користење на енергија,
односно 10 – 30 % (освен ако не сте професионален спортист или ако работата со
која се занимавате не бара голема физичка активност). Обработувањето или
варењето на храната троши околу 10%.
Метаболизмот може да варира многу помеѓу луѓето
Точно е дека две личности со иста големина и состав на
телото може да имаат многу различен метаболизам. Едниот може да конзумира
големи оброци последователно и да не качува тежина, додека другиот мора да брои
калории за да не ја зголеми тежината. До сега, науката не успеала до крај да го
разјасни механизмот што го контролира метаболизмот на луѓето. Научниците имаат
идентификувано неколку фактори кои влијаат на брзината на метаболизмот кај
луѓето, како: количината на чиста мускулна маса и на маснотии во телото,
возраста и генетиката (но, научниците не знаат зошто некои фамилии имаат побрз
или побавен метаболизам). Полот, исто така, има улога, од причина што жените,
на сите возрасти согоруваат помалку калории споредено со мажите. На интернет
лесно може да се најдат калкулатори кои преку само неколку параметри може да ви
кажат отприлика колку калории трошите секој ден. Обидете се да ги калкулирате вашите калории на следниот линк: http://www.calculator.net/bmr-calculator.html
No comments:
Post a Comment