Saturday, July 16, 2016

6 намирници за изострување на фокусот и меморијата


Дали некогаш се имате обидено да се фокусирате на нешто, но ви е тешко? Сигурно сте пробале разни стратегии како деактивирање на фејсбук профилот или исклучување на компјутерот или користење на слушалки и музика за концентрација... 
Наредениот пат кога ќе почуствувате дека не можете да се концентрирате помислете на последниот оброк што сте го консумирале, затоа што верувале или не, тоа што го внесувате како храна директно влијае на она што сакате да го достигнете ментално.

Храната што ја јадеме има директно влијание на крвта која оди во нашиот мозок, како и на нивото на енергија и колку брзо таа енергија се троши. Заради ова, некои од диетите имаат влијание не само на енергијата, туку и на можноста за фокусирање и функција на меморијата. Важно е да се разбере дека не сте беспомошни во борбата со концентрацијата, фокусот и меморијата. Вие го контролирате вашето тело со храната што ја внесувате во него.

Следуваат шест намирници кои ќе ви помогнат да останете фокусирани и концентрирани.

1. Боровница
Боровниците се едни од најздравите бобинки. Тие не само што се вкусни за јадење, туку се и антиоксидантен пакет со голема концентрација на витамин Ц и К и минерали како калиум.  Високата концентрација на танинска киселина помага во заштита на мозочните ќелии од негативните ефекти на стрес и анксиозност, подобрувајќи ги когнитивните функции.

2. Авокадо
Во ниту еден момент нека не ве загрижуваат мастите во авокадото. Тоа содржи мононезаситени масти и тие всушност се многу добри за вас! Високатa концентрација на витамините Ц, К и Б, значи дека авокадото ви помага во превенцијата од згрутчување на крвта, односно го подобрува дотокот на кислород во мозокот, со тоа и ја зголемува вашата концентрација.

3. Ленено семе
Ова семе содржи масни киселини кои влијаат позитивно на кората на мозокот и ве одржуваат здрави и потполно функционални. Функцијата на кората на мозокот е да процесира информации за сетилата – вид, вкус, допир итн... па е интегрален дел од вашата способност за да се фокусирате или разберете некоја информација. Тие исто така содржат цинк, кој е одличен за вашата меморија.

4. Бадеми и ореви
Бадемите и оревите содржат голема концентрација на антиоксиданти, како и витамини Б6 и Е, кои го одржуваат нервниот систем потполно функционален и ги штитат мозочните ќелии од потенцијално оштетување, кое може да доведе до слаб фокус, меморија или концентрација.

5. Кокосово масло
Кокосовото масло е богато со СЛТ (среден ланец на триглицериди) кои се поврзани со подобрувањето на меморијата и концентрацијата.
Ова масло е исто така полно со анти-инфламаторни агенси кои ја подобруваат когнитивната функционалност.

6. Црно чоколадо
Црното чоколадо е полно со минерали како железо, магнезиум, цинк и калиум. Исто така богато со антиоксиданти, црното чоколадо го подобрува крвотокот до вашиот мозок, зголемувајќи ја концентрацијата и држејќи ве будни. Не заборавајте, ова се однесува исклучиво на црното чоколадо, не и на фабрички обработените млечни чоколада.

Во животот постојано ги калкулираме одлуките за многу аспекти, па зошто да не и за нашата исхрана која е круцијална за продуктивност и ментална функција.

Вашите избори за исхрана се дел од стратегискиот план во освојувањето на животните цели!

No comments:

Post a Comment