Thursday, July 7, 2016

Енергетски бомбици со суво овошје


Време на подготовка: 15 минути
Време на готвење: 10 минути

Состојки: 
150 гр. суво гројзе
150 гр. суви смокви
100 гр. суви сливи
100 гр. кокос
150 гр.печен лешник
1 лажица чиа семе 
3 лажици стевиа
1 стапче ванила
Прстофат цимет

Подготовка: 
Во чинија ставете го чиа семето, потопете го со ладна вода и оставете го да отстои 15 минути. Во друг сад, во малку вода се потопуваат сувото овошје кое претходно е исецкано и ванилата и исто така оставете ги да отсојат околу 15 минути.

Сувото овошје се цеди од водата и се става на рингла на тивок оган. Смесата постојано се меша и кога ќе се создаде хомогена смеса, се додаваат стевиата, лешникот, чија семето (исцедено од водата), пола од кокосот, ванилата и циметот.

Мешајте уште 2-3 минути, односно до изедначување на смесата, а потоа оставете ја да се олади.

Од изладената смеса се обликуваат бомбици, се увалкуваат во кокос или во лешник и се служат.



                                                                       Copyright © 2016 ImmunoKitchen. All Rights Reserved.

No comments:

Post a Comment