Sunday, July 10, 2016

Домашен леб со хељда и спелта


Време на готвење: 40 минути

Состојки: 
200 гр. брашно од хељда
200 гр. брашно од спелта (во замена може да користите црно пченично брашно тип 950)
1-2 лажици зејтин
1 кафена лажичка сода бикарбона
1 лажица сок од лимон
50 гр. семки од сончоглед 
50 гр. семки од тиква 
Прстофат мелен рузмарин
Сол

Подготовка: 
Во сад ставете го брашното од хељда и 100 гр. од брашното од спелта и потопете ги со вода. Со лажица мешајте дури не се направи компактна смеса и препорачливо е да ја оставите да преноќи на собна температура. Наредниот ден во истата смеса се додаваат останатите 100 гр. брашно од спелта, се додаваат и зејтинот, лимонот, рузмаринот, дел од семките и на крај додадете ја содата. 

Во тавче, на хартија за печење, истурете ја добиената смеса, а врз истата ставете го останатиот дел од семките од сончоглед и тиква. 
Печете во загреана фурна на 200 степени, 10 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 30 минути.

Лебот можете да го приготвите и истиот ден, односно изборот дали тестото ќе отстои една вечер е ваш. 

Храната која ја внесуваме е основниот и главен фактор за подобро здравје и подобро „јас“. Уживајте во домашниот леб со хељда и спелта!

                                                                       Copyright © 2016 ImmunoKitchen. All Rights Reserved.

No comments:

Post a Comment