ИмуноСалата со риба е најбрзиот и најбезбедниот витамински оброк, кој можете да го понесете со вас на излет, патување или на работа. Оваа салата лесно се подготвува, ќе ве поштеди од наоѓање на ладилник, лесно се пакува и транспортира на подолги релации.
Состојки:
1 конзерва риба (сардина или туна)
4 варени моркови
3 печени пиперки
1 главица кромид
Kлас пченка
Сок од еден лимон
Рукола
Ладно-цедено масло
Сол
Црн пипер
Подготовка:
Исечкајте ги морковите на тркалца и ставете ги во садот во кој ќе ја понесете салатата. Исечкајте ги испечените пиперки на ситни парченца и заедно со исечканиот кромид додадете ги во садот.
Зачинете со сокот од лимон, ладно-цеденото масло, солта и црниот пипер. Додадете ја руколата и измешајте.
Непосредно пред да ја консумирате ИмуноСалатата, додадете ја конзервираната риба (сардина или туна).
Copyright © 2016 ImmunoKitchen. All Rights Reserved.
Copyright © 2016 ImmunoKitchen. All Rights Reserved.
No comments:
Post a Comment