Saturday, July 9, 2016

Храната и однесувањето на децата


Растот и развојот на вaшето дете зависи од храната која ја конзумира. Ниту една храна не треба во целост да се исфрли од листата на јадењe на вашето дете, но постои храна која би требало да ја сведете на минимална количина. Храната која има поголема количина на шеќер како што се слатките, преработените овошни сокови, брзата храна и грицките, одредени научни студии ги поврзуваат со многу негативни промени кои настануваат во однесувањето на детето. Се препорачува индустриски преработената храна да се избегнува и во исхраната на детето истата да биде вклучена во минимални количини. Индустриски преработената храна содржи повеќе видови на адитиви, конзерванси и прехрамбени бои кои негативно делуваат на работата на мозокот и ја потикнуваат хиперактивноста кај децата, предизвикуваат главоболка, хроничен умор, безволност и плачливост. 
Последиците од лошата исхрана во детскиот период од развојот се видливи и во текот на зрелоста на личноста и не е исклучена можноста да се појават тешки заболувања како остеопороза, астма, депресија и др.

Преработената храна со различните додатоци делуваат на мозочните вијуги и ги прават активни. Поради ова кај детето често може да се јавува вишок на енергија која родителите и не се во можност да ја контролираат и насочат, односно се предизвикува ослободување на хормони на стрес. Доколку вашето дете по природа е хиперактивно тоа само дополнително ќе го наруши неговото однесување.

Кога е во прашање однесувањето на детето, со витамините и минералите кои се дел од свежата и здрава храна се постигнува спротивен ефект, поточно свежиот зеленчук, овошјето, млечните производи делуваат смирувачки на однесувањето на детето. Витамините и минералите кои ги содржи овој вид на храна ја намалува раздразливоста, уморот и депресијата кај децата. 


Запамтете, ние сме тоа што јадеме. Ова правило има подеднакво значење како за вашето дете така и за вас. Од најмала возраст вашето дете научете го да консумира здрави и витамински богати производи. 

No comments:

Post a Comment