Хељдата е диететски производ со многу лековити својства. Таа е растение за кое сите мислат дека припаѓа во групата на житарки, а всушност биолошки припаѓа во категоријата зелјести зеленчуци.
Одгледувана на традиционален начин во Кина, од каде во текот на 14 и 15 век се
проширува на тлото на Европа и Русија, а нешто подоцна и на тлото на Америка,
хељадата го јакне организмот, ги подмладува крвните садови, го намалува уморот,
загрева, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете и го зголемува лачењето
на урината. Одлична е за зголемување на концентрацијата и меморијата, посебно
кај постари особи. Хељдата исто така помага во намалување на притисокот, лекува
артериосклероза и опстипација. Делотворна е во лечење на болести на бели дробови и
бубрези, помага за правилна работа и функција на цревата и се препорачува на лица со проблеми во
дигестијата, на реконвалесцентите и на постарите особи. Погодна е како
вегетаријанска исхрана, заради високиот процент на протеини.
По големина, зрното на хељдата потсетува на пченица, а по
обликот таа е доста препознатлива, бидејќи е во триаголна форма. Во процесот на преработка на зрното во
брашно, надворешниот дел од обвивката се одстранува.
Во споредба со другите житарици хељдата е ниско калоричен
производ.
Ниту една друга житарица не содржи толкава количина на калиум и калциум, но секако не се мали и количините на магнезиум,натриум и
железо. Хељдата исто така содржи многу протеини, аминокиселини, како и фосфор,
јод, витамин Б1, Б6 и П.
Стеблото (исушено) и цветот од хељда се користат за
приготвување чај, додека од семето се прави високо хранливо црно брашно, од кое
се подготвуваат кори, резанци, тесто за леб, како и колачи. Хељдата како
намирница можеме често да ја сретнеме и во диетите за намалување на тежина и тоа
посебно во популарната хроно исхрана.
Во Русија, хељдата игра главна улога во традиционалната кујна. Семејството денот го почнува со
каша од хељда, ориз, просо, пченка и сл. Тие ја подготвуваат во вода или млеко,
солена или слатка и се консумира како посебен оброк или додаток на други јадења.
Домашниот леб со хељда и спелта, по рецепт на ИмуноКујна е одличен рецепт со брашно од хељда.
Рецептот можете да го најдете на следниот линк :
http://immunokitchen.blogspot.mk/2016/07/blog-post_10.html
No comments:
Post a Comment