Појадокот е најважниот оброк во текот на денот!
Сигурно сте го слушале ова цело време и тоа е вистината. Појадокот е еден од
оние оброци кои луѓето често ги прескокнуваат, а не би смееле да го прават тоа.
Можеби брзате за работа или предавања на факултет, но сепак морате да најдете и
да одвоите време за појадок.
Истражувањата покажале дека децата кои наутро редовно
појадуваат имаат подобри резултати во училиште. Истото се однесува и за возрасните кои наутро редовно појадуваат. Тие се поефикасни во извршувањето на секојдневните обврски.
Дали сте забележале дека ви е тешко да се разбудите, а веќе сте на
работа, сте пиеле кафе и каснале пециво, кое сте го зеле на брзање по пат?
Дали сте забележале дека до ручек, вие веќе сте уморни?
Тоа е затоа што не ја консумирате
правилната храна!
Прескокнувањето на појадокот е честа стратегија за слабеење,
но не и паметна. Многу веруваат дека со прескокнувањето на оброци се слабее, но
бројни истражувања потврдуваат дека тоа не е точно. Телото очекува и треба да го
снабдите со енергија неколку пати во денот, почнувајќи од здравиот појадок.
Појадокот е одличен и за слабеење и за одржување на тежината.
Што не треба да појадувате?
Дали некогаш сте се почувствувале забавено во текот на денот? Тоа е затоа што јадете премногу шеќери!
Не јадете крофни, слатки пецива или житарки полни со шеќери. Тоа се само празни калории, од кои не добивате енергија. Не само тоа, таа е всушност храната од која добивате на тежина.
Не јадете крофни, слатки пецива или житарки полни со шеќери. Тоа се само празни калории, од кои не добивате енергија. Не само тоа, таа е всушност храната од која добивате на тежина.
Избегнувајте го и белото брашно, бидејќи за брзо време ќе
бидете гладни и уморни.
Не јадете многу пржена храна, чоколада и не мислете дека
пиењето кафе наместо појадок ќе ви ја даде истата енергија.
Што треба да појадувате?
Јадете житарки кои имаат малку шеќери. Житарки со козјо
млеко или јогурт се одличен појадок. Всушност чинија житарки со козјо млеко или
јогурт се одлични за било кој дел од денот.
Добро е да консумирате јајца за појадок, свеж сок од овошје,
добро познатиот тост, но од интегрално или црно брашно.
Овесот, односно овесната каша е можеби најдобрата варијанта
за почеток на вашиот ден, која комбинирана со овошје ќе ви даде одличен старт на денот.
За одличен старт и енергија во текот на денот, се препорачува и наутот.
Не е воопшто тешко да појадувате. Наутро
сетете се дека тоа е најдобриот почеток на денот.
Ќе забележите колку подобро ќе се чувствувате наутро и во текот на денот, кога ќе престанете да го избегнувате и ќе консумирате здрав појадок!
Ќе забележите колку подобро ќе се чувствувате наутро и во текот на денот, кога ќе престанете да го избегнувате и ќе консумирате здрав појадок!
Во продолжение погледнете неколку предлози за здрав појадок од ИмуноКујна:
No comments:
Post a Comment