Време на подготовка: 10 минути
Време на готвење: 15-20 минути
Состојки:
2 цели јајца
1 белка од јајце
2 лажици зејтин или путер
4 лажици стевиа
5 лажици рогач во прав
Половина пакетче прашок за печиво
Подготовка:
Во сад ставете ги двете јајца и едната белка и матете ги со миксер. Кога ќе добиете цврста смеса, во садот додадете ги четирите лажици стевиа и измешајте ја смесата со лажица. Потоа додадете ги петте лажици рогач во прав, прашокот за пециво и двете лажици зејтин (или путер). Со лажица мешајте и воедначете ја смесата.
Во тава за печење, поставете хартија за печење и распоредете ја добиената смеса. Печете од 15 до 20 минути на 200 степени.
Сервирајте го колачот со мармалад, свежо овошје, сладолед итн...

Copyright © 2016 ImmunoKitchen. All Rights Reserved.
No comments:
Post a Comment