За време на врелите летни денови, бараме разни начини да се
разладиме и закрепнеме, а при тоа малку внимание посветуваме на исхраната.
Не заборавајте – исхраната може да биде од голема помош во поднесувањето на високите летни температури.
Таа
би требало да биде лесна, да се темели на овошје и зеленчук, а се препорачува и
поголем внес на диететски влакна. Салатите примпремени од различни врсти на зеленчук, ќе ви осигурат внес на витамини и минерали, а исто и ќе ве освежат.
Во летната исхрана, многу важна улога има овошјето, кое
за среќа во летните месци го има во изобилство.
Потребата за течности, која е зголемена за време на летните месеци, можете да ја задоволите со јагоди, боровинки, праски и
цреши, кои се сочни и богати со вода. Овошна салата за десерт или чинија цреши, ќе ви помогне
полесно да ги пребродите високите температури.
Се препорачува намален внес на
суво овошје, а поголем внес на свежо.
Дневните порции на овошје и зеленчук, е потребно да се
зголемат на 2 до 3 порции дневно.
За појадок се препорачува јогурт, житарки и овошје или зеленчукова салата.
Ручекот би требало да биде лесен, но нутритивно богат. Важно е да се
избегнува пржена, масна и зачинета храна. Од намирниците со животинско потекло,
би требало да го зголемите внесот на риба.
Со исхраната би требало да внесете адекватен број на
витамини и минерали, кои се многу битни во текот на летото, кога се
изложуваме на сонце.
Во закрепнувањето од претераното изложување на сонце, важна улога имаат
антиоксидантите – витамин Е, витамин Ц и селен.
Витаминот Е е важен за кожата,
како и опоравување на ткивата, а освен во билните масла, може да се најде и во
бадемите и лешниците.
Витаминот Ц најмногу е застапен во портокалот,
мандарината, лимонот, јагодите, пиперките и зелката.
Селенот може да го најдете во рибата, краставицата и интегралните житарки.
На високите температури доаѓа до губење на течностите преку кожата, па можноста за дехидрација е покачена и заради тоа е
потребен голем дневен внес на течности. Се препорачува чиста, разладена вода и тоа минимално
3 литри дневно, а не само кога ќе осетите жед.
Не се препорачуваат газирани
напитоци и напитоци богати со кофеин и шеќери.
Доколку не можете да испиете минимум три литри вода, пробајте да ја внесете преку исхрана со намирници кои се богати со вода - свежо овошје и зеленчук.
*ИмуноКујна ви предлага две салати за летна исхрана:
No comments:
Post a Comment